Закупените државни ниви ќе може да се откупат

Bez autora
Oct 27 2013

Министерството за земјоделство ги известува правните и физичките лица што користат земјоделско земјиште во државна сопственост дека ќе почне со продажба на државните парцели. За таа цел се повикуваат сите земјоделци кои имаат важечки договор за закуп, а се заинтересирани да си го купат земјоделското земјиште во државна сопственост кое го користат да достават иницијатива за купување до ресорното министерство. Целта е истото да се стави во посебна годишна програма на земјоделското земјиште во државна сопственост кое потоа би се објавило за продажба. Според официјалните податоци, државата поседува околу 20 отсто од обработливото земјоделско земјиште или околу 200.000 хектари. Вкупно за периодот од 2006 од 2013 година склучени се 7.721 договори за закуп меѓу фармерите и државата за површина од 61.688 хектари.

Закупените државни ниви ќе може да се откупатМинистерството за земјоделство ги известува правните и физичките лица што користат земјоделско земјиште во државна сопственост дека ќе почне со продажба на државните парцели.

За таа цел се повикуваат сите земјоделци кои имаат важечки договор за закуп, а се заинтересирани да си го купат земјоделското земјиште во државна сопственост кое го користат да достават иницијатива за купување до ресорното министерство. Целта е истото да се стави во посебна годишна програма на земјоделското земјиште во државна сопственост кое потоа би се објавило за продажба.

Според официјалните податоци, државата поседува околу 20 отсто од обработливото земјоделско земјиште или околу 200.000 хектари. Вкупно за периодот од 2006 од 2013 година склучени се 7.721 договори за закуп меѓу фармерите и државата за површина од 61.688 хектари. Ако земјоделците се заинтересирани преку јавен оглас ќе може да го приватизираат земјиштето. Земјоделските здруженија ја поздравуваат одлуката на Владата и очекуваат голем интерес од земјоделците кои веќе имаат државна земја под закуп.

Во ресорното министерство велат дека продажбата на земјоделско земјиште за кое ќе биде доставена иницијатива ќе биде извршена по пат на јавен оглас и електронско јавно наддавање во постапка пропишана со Законот за продажбата на земјоделско земјиште во државна сопственост.

- Во согласност со наведениот закон, при продажбата на земјоделско земјиште во државна сопственост за кое постои договор за закуп кој е во сила, право на првенство на купување има постојниот закупец. Правото на првенствено купување се остварува со прифаќање и плаќање на највисоко постигнатата цена на земјиштето на електронското јавно наддавање. Земја може да купат само закупци што уредно ги исполнувале обврските од договорот за закуп, кои ги намириле сите обврски за плаќање на закупнината и кои немаат ненамирени јавни давачки и обврски пооснова на неплатена водарина и пашарина - велат во Министерството за земјоделство.

Оттаму објаснуваат дека во случај кога на земјиштето се засадени долгогодишни насади, предмет на продажба ќе биде земјиштето заедно со долгогодишниот насад, при што во постапката за утврдување на почетната цена на јавното наддавање се доставува процена на вредноста на земјоделското земјиште и процена на вредноста на долгогодишниот насад, кои заеднички ја сочинуваат проценетата вредност.

- Доколку по јавното наддавање се постигне повисока купопродажна вредност на таквото земјиште, а закупецот не го искористи правото на првенствено купување, поранешниот закупец на земјиштето за долгогодишниот насад од купопродажната цена ќе добие средства во висина на проценетата вредност на насадот, односно ќе му се исплати инвестицијата. Процената на вредноста на земјиштето и на вредноста на долгогодишниот насад ја врши Бирото за судски вештачења врз основа на Методологијата за процена на земјоделско земјиште во државна сопственост - велат во ресорното министерство.

Иницијативите за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост потребно е да се достават најдоцна до 22 овој месец. Во прилог на иницијативите потребно е да се достави и геодетскиот елаборат за површините што се предмет на договорот за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост.

Земјоделците со поделено мислење. За едни на ваков начин земјоделците ќе добијат сигурност кога подигнуваат долгогодишни насади, а за други купувањето е непотребно, бидејќи сите имаат долгорочни договори до 30 години.

- Понудата е добра за тие што имаат пари. Но, најголем дел од фармерите се закупци со стабилни договори и мислам дека ќе има многу слаб интерес од нив бидејќи ако се јават да го купат земјиштето ќе мора да дадат многу пари, а тие ги немаат. При продажбата мора да се води сметка истите да бидат добро заштитени, да не се случи да дојдат луѓе што се подготвени да платат многу, па фармерите и покрај договорите да мора да се простат од земјата што ја обработуваат - вели Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделците.

Во Сојузот на земјоделците на Македонија, пак, велат дека со купување на државната земја ќе има поголем развој.

- Земјоделците нема да размислуваат да подигнат долгогодишни насади, бидејќи земјата ќе биде нивна - велат во Сојузот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik